12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.

Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“.

Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето./Извор:Makfax