17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата низ државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози и е со зголемен интензитет, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму информираат дека регионалниот пат Р-2332 (Трпејца-Царина) низ националниот парк Галичица, од 30. месецов е оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила со вкупна тежина до 3,5 тони.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Спонзорирано: