17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев за обвинувањата од Мицкоски: Камионите ги продадовме

По обвинувањата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека камионите на Вице Заев, братот на Зоран Заев, возат за РЕК „Битола“, премиерот вели дека штетите од вакви прес-конференци кои се нанесувале на неговата фамилија се големи, а тоа, ќе се регулира преку судовите.

„Пред два месеци донесовме одлука да се продаде механизацијата за ископ на јаглен. Фирмата ги отуѓи овие машини, а тоа е направено пред долго време. Само по себе, за мене, ова е обид на опозицијата преку лаги да инсинуира конструкции кои не се точни. Механизацијата од фирмата на мојот брат не работи во РЕК Битола и нема да работи“, вели Заев, кој додаде дека секој политичар е свесен за своите постапки.

Вчера, Христијан Мицкоски во обраќањето спомена и дека компанијата „СВ Инвест“, со чии налепници, како што рече, се обележани камионите во сопственост на компанијата на Вице Заев, била дел и од друг сомнителен тендер за ангажирање работници во РЕК „Битола“ во четири очи, по многу повисоки цени од тие кои реално се исплаќани на работниците.

Спонзорирано: