14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата сигурно чекори и ја враќа довербата на граѓаните во институциите

Расипничкото пустошење на екомијата е одлика на ВМРО-ДПМНЕ и сега тоа е минато, рагираат од владејачката СДСМ на прес-конференцијата на Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ за време на своето расипничко и криминално владеење успеа да го зголеми долгот на Р. Македонија за три пати. Овој факт зборува доволно за разнишаната опозиција која нема никакво право да зборува за економија, поле на кое покажаа дека не знаат да работат“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ истакнуваат дека новата владата покажала оти умее да се справи со хаосот и расипништвото кое зад себе го оставила ВМРО-ДПМНЕ.

„За прв пат во 2017 година јавниот долг почна да бележи пад. Иако се враќаат скапите и нерационални кредити кои ги земаше ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ успева да креира позитивна економска клима и да добива најниски каматни стапки во историјата на Македонија од само 2.75 отсто“, стои во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека владата што ја предводат сигурно чекори и ја враќа довербата на граѓаните во институциите и во државата.

„За 10 месеци спроведени се низа реформи во корист на граѓаните што допринесе до зголемување на просечната плата од 4,6 отсто. Тоа влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Граѓаните умеат да препознаат релевантно и транспарентно работење. Расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ е во историјата. Македонија чекори напред“, велат од владејачката партија.

Спонзорирано: