14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лоши вести за времето

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Маинималната температура ќе се движи 6 до 14, а максималната од 23 до 29 Целиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за краткотраен локален дожд. Максималната температура во текот на денот ќе достигне 29 степени.

Метеоролозите информираат дека и во наредните денови ќе продолжи периодот на топло време со умерен југоисточен ветер. Во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови и тоа претежно во планинските подрачја.

Спонзорирано: