11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп ги повика членките на НАТО да ги зголемат буџетските средства за одбраната

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика членките на НАТО да ги зголемат своите буџетски средства за одбраната. Тој на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел ги повика европските земји да трошат најмалку два отсто од својот бруто домашен производ на одбраната.
Трамп се пожали дека Светската трговска организација дека лошо постапила кон САД и повика на фер и реципрочни трговски односи со американските пријатели и сојузници.
Меркел изјави дека Германија ќе продолжи да биде доверлив партнер во НАТО. Таа наведе дека во најновиот буџет на Германија ќе се издвои 1,3 отсто од БДП, додавајќи дека тоа е далеку под целта од 2 отсто, но дека земјата и натаму ќе тежнее кон тоа. Трамп оцени дека Меркел е „исклучителна жена“ и и честиташе на неодамнешниот повторен избор за канцеларка на Германија.
Спонзорирано: