12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Столтенберг: Подготвени сме да ја вклучиме Македонија во членството

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата е подготвена да ја покани Македонија за членство веднаш штом ќе се реши прашањето за името.

Тој истакна дека и покрај тоа што Русија се спротивставува на ширењето на западниот воен сојуз, вратите на НАТО остануваат отворени.

„Јас го посетив Скопје и јасно реков дека НАТО останува посветен на она што беше зацртано на Самитот во 2008 година во Букурешт – ние сме подготвени да ја поканиме земјата да стане членка на НАТО веднаш штом се реши прашањето за името. Таа одлука сè уште стои. Преговорите за името се во тек и се надевам дека тие ќе бидат успешно завршени, а потоа ќе продолжиме понатаму“, рече Столтенберг.

Прашан за можните пречки од Русија во процесот на пристапување на Македонија кон НАТО, Столтенберг рече дека основно право на секој народ е да одлучи на кој безбедносен блок ќе му се приклучи.

„Русија се противи на проширувањето на НАТО со години. Речиси секогаш протестира кога ќе го добиеме нови членки, но факт е дека вратата на НАТО е отворена. Дали НАТО ќе добие нов член, зависи од интересот на земјите. Никој нема право да интервенира во тоа или да го спречи тој процес“, заклучи Столтенберг.