7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери ќе го испрати законот за јазици на објавување во „Службен весник“ без потпис од Иванов

Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека законот за јазиците ќе го испрати во „Службен весник“ без да биде потпишан од претседателот Ѓорге Иванов. Со објавувањето законот ќе стапи во сила.

„Не сум временски ограничен за тоа кога да го пратам законот во ‘Службен весник’“, вели собранискиот спикер Џафери.

Џафери вели дека претседателот Ѓорге Иванов го прекршил Уставот со неговата одлука да не го потпише указот. Тој тврди дека со објавувањето на законот потпишан само од него нема да биде прекршен Уставот.

Спонзорирано: