14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Татко и син се испијаниле, се испокарале, па пукале со ловна пушка во домот

Татко и син се испијаниле, се испокарале, па пукале со ловна пушка во нивниот дом во тетовското село Брвеница. Како што информираат од МВР, индидентот се случил вчера околу 20:55 часот. Во Секторот за внатрешни работи Тетово С.Г. (77) од селото Брвеница се пожалил дека неговиот син М.Г. (53) бил под дејство на алкохол и го вознемирувал.

Во разговорот со полицијата, таткото кажал дека околу 20:40 часот, додека тој и неговиот син седеле заедно и консумирале алкохол, во еден момент настанала меѓусебна расправија и тој ја зел својата ловна пушка, која ја поседувал со одобрение, по што испукал два патрона во плафонот.

Таткото и синот биле приведени во Полициска станица каде што било констатирано дека двајцата биле под дејство на алкохол и истите биле задржани до нивно отрезнување. Со потврда за привремено одземени предмети, од таткото била одземена ловната пушка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, и се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: