13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини: Договорот за нуклеарна програма функционира и треба да се зачува

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, инсистираше дека договорот за нуклеарна програма на Иран функционира и треба да биде зачуван.

Нејзиниот коментар следи по сигналот што вчера го упатија претседателите на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон, од Белата куќа дека ќе работат на нов договор со Техеран.

„Во однос на она што би можело да се случи во иднина, ќе видиме во иднина, но има една постоечка зделка, таа функционира и како таква треба да се зачува“, рече Могерини при пристигнувањето на донаторската конференција за Сирија во Брисел.

Спонзорирано: