11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради градежни работи, во прекин сообраќајот од Пршовце до Јегуновце

Поради градежни работи на регионалниот пат Р – 1312, патен правец Прилеп – Прилепско Езеро, во наредните 15 дена сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента во должина од 4км.
На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ информира дека фирмата „Ескаватори МК ДООЕЛ Скопје“ ќе почне со асфалтирање на објектот и рехабилитација на државен пат 2234, делница Пршовце – Јегуновце. Сообраќајот ќе биде во прекин на 24.04.2018 и 25.04.2018 година, согласно со oдобрениот времен режим на сообраќај.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци, односно градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат во септември 2018 година.

Спонзорирано: