10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров в среда ќе се сретне со Коѕијас и Нимиц во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, в среда (25 април) во Виена во попладневните часови ќе имаат средба со медијаторот на ОН за спорот за името, Метју Нимиц. објавија попладнево од македонското МНР.

Изминатите неколку дена грчките медиуми шпекулираа за нова тајна средба во Виена помеѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија. Според тамошните медиуми, средбата е иницирана од изјавата на Коѕијас за грчкото „Радио 247“ дека е прекратко времето за Македонија до јуни да влезе во НАТО.

На последната средба на Коѕијас и Димитров во Охрид беше соопштено дека следната нивна средба ќе биде на 3 и 4 мај во Солун, а потоа и на 11 и 12 мај.

По средбата во Охрид, македонскиот министер за надворешни работи, Димитров, изјави дека првпат со својот колега Коѕијас разговарал за временската рамка во преговорите и начинот на имплементирање на евентуалното решение. Напредокот во преговорите го потврдија и двајцата министри, но исто така истакнаа дека остануваат најтешките прашања во решавањето на спорот за името.

Претходно, МНР информира дека Димитров утре ќе има обраќање на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

Спонзорирано: