14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на Москва ќе ѝ воведе нови санкции штом ќе ги заслужи.
Од друга страна, Трамп нагласи дека градењето добри односи со Русија е добра, а не лоша работа.
„Никој не е поостар кон Русија од претседателот Доналд Трамп. Русија ќе ви рече никој не е поостар од Доналд Трамп“, рекол американскиот претседател на заедничката прес-конференција со јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Трамп го спомена и неодамнешниот воздушен напад врз Сирија што САД го изведоа заедно со Франција и Велика Британија, при што рече дека ударот бил апсолутно прецизен.
Трамп почна да ја критикува Русија преку „Твитер“ по наводниот хемиски напад во Сирија.
Спонзорирано: