14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На џихадистите им е даден рок од 48 часа да ја напуштат енклавата кај Дамаск

На екстремистите од Исламската држава им е даден рок од 48 часа да ја напуштат енклавата што ја контролираат јужно од Дамакс, објави сирискиот провладин весник „Ватан“.
„Доколку одбијат, војската е подготвена да почне воена операција за да стави крај на присуството на таа организација во таа област“, наведува весникот.
Се работи за областа Јармук, која е многу помала од регионот на источна Гута, каде што сириската влада неодамна ги порази бунтовниците. Командата на регионалната воена алијанса, која ја поддржува сириската војска, почнала да ја гранатира енклавата на џихадистите подготвувајќи се за напад.
Јармук се наоѓа на осум километри од центарот на Дамаск и пред избивањето на војната во 2011 година беше дом на најголем дел од палестинската бегалска заедница во Сирија. И покрај тоа што мнозинството побегна, Обединетите нации проценуваат дека останале уште неколку илјади.
Спонзорирано: