17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев, веднаш да одлучи по барањето на одбраната за изземање на судечкиот судија во предметот, Душан Јосифов.
Одбраната претходно, на почетокот на рочиштето, поднесе барање за изземање поради изјавата на јавната обвинителка Катица Јанева дека одредени судии се опфатени во прислушуваните разговори.
Обвинителката Фатиме Фетаи побара да биде донесено решение за отфрлање на барањето како неосновано бидејќи, како што кажа, за претседателот на судот и неговиот заменик не може да се бара изземање доколку не се судии во процесот. Таа побара отфрлање и на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелација и неговиот заменик бидејќи предметот не се наоѓа во фаза на одлучување пред Апелациониот суд.
На судењето присуствуваа сите обвинети и нивните бранители, со исклучок на Милан Андонов и Митко Печков, кои се адвокати на Никола Груевски и Миле Јанакиески.
Обвинети во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште девет лица, кои пред судот се изјаснија за невини.
На претходните судења вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.
Обвинетите се товарат за поттикнување насилство, кое се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.
Спонзорирано: