13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Вознемирувачка снимка: Тинејџерка ја турнала пријателката под тркалата на автобус

Две 17-годишни девојки безгрижно шетале по тротоар кога една од нив се обидела да се пошегува, а тогаш за малку ќе се случела трагедија.

Ја турнала пријателката која паднала на патот точно во моментот кога поминувал автобус.

За среќа, автобусот за малку ја промашил тинејџерката. Тоа што е избегната трагедија не ја амнестирало 17-годишната девојка која го предизвикала инцидентот.

Казнета е со 73 евра поради загрозување на безбедноста во градскиот сообраќај, а наскоро ќе се соочи со обвиненија за обид за нанесување тешки телесни повреди.

Спонзорирано: