14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Наезда од змии: „Април е, а веќе убив два поскоци“

Иако е април месец жителите на Херцеговина јавуваат за наезда од змии отровници, пишува порталот Груде.

– Ова е веќе втор поскок во само неколку дена кој го убив пред куќата, напишал еден од вознемирените граѓани, а бројот на оние кои се сретнале очи во очи со змија е се поголем.

Дека змиите веќе некое време излегле од своите засолништа говори и случајот во Расно во БиХ. Имено, еден граѓанин пријавил дека во семејната куќа затекнал дури два поскоци.

Поради раното будење на отровниците од обично, луѓето се повикуваат на внимание, посебно оние кои времето го поминуваат во природа.

Спонзорирано: