12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мотоциклистите преку протестно возење ќе побараат поголема безбедност за нив

На плоштадот Македонија утре (19 април) со почеток од 18 часот ќе започне протестно возење на мотоцикли со цел подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите во истиот.

Возењето ќе се одвива под мотото „Погледни двапати, спаси живот“, кое е дел од глобалната кампања на FIM (Светска Мото Федерација) каде што се апелира кај сите учесници во сообраќајот да погледнат двапати пред да завртат со автомобилот, за да ги забележат мотоциклистите, со што би се спасил живот.

Од Мотоциклистичката федерација на Македонија велат дека со протестното возење, ќе се испрати порака до сите учесници во сообраќајот, како и до сите институции и организации кои со своето делување на било кој начин се во сообраќајната проблематика, да посветат многу поголемо внимание за присутвото на мотоциклистите на сообраќајниците.

„Застрашувачки, поразителни и алармантни се постојаните известувања за настрадани мотоциклисти во сообраќајните незгоди, со што за жал истите веќе се сврстуваат во едни од најранливите категории на учесници во сообраќајот“, се наведува во соопшението на федерацијата.

Оттаму признаваат дека возачите со своите автомобили се, како што велат, посилни од нив, па поради тоа апелираат:

– Почитувајте ги нашите права на првенство во сообраќајот,
– Не ги кршете сообраќајните правила за да бидете наши потенцијални убијци,
– Не гледајте во телефоните додека возите, гледајте во нас
– Не возете во алкохолизирана состајба, сообраќајот не подразбира храброст туку умеење и почитување,
– Гледајте концентрирано и бар по два пати во своите ретровизори, ние сме габаритно помали но сепак постоиме
– Секој судир со вас за нас е секогаш со далеку поголеми последици од вашите
– Потрудете се да бидете повнимателни од досега