6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

НАТО едногласно ги оправда нападите на САД и сојузниците врз Сирија

Претставниците на САД, Франција и Британија во НАТО денеска ги информираа останатите сојузници за нападот врз Сирија. Тие ги претставиле информаците кои укажуваат дека хемискиот напад во сирискиот град Дума на 7 април бил извршен од страна на сириската армијa, на што добиле поддршка од Алијансата.

Трите земји образложиле дека не постоела друга практична алтернатива освен употребата на сила. Во соопштението на НАТО се вели дека Сојузниците ја изразиле нивната целосна поддршка на оваа акција, чија цел е да се намали капацитетот на сирискиот режим да употребува хемиско оружје, како и да се спречат идни хемиски напади врз сирискиот народ.

„Не смее да се нормализира неказнетата употреба на хемиски оружја“, пишува во соопштението на НАТО.

Понатаму се додава дека одлуката била едногласна.

Спонзорирано: