21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Законот за високо образование е во интерес на студентите и професорите

По прес-конференција на Зекир Рамчиловиќ, СДСМ реагира дека ВМРО-ДПМНЕ за време на владеењето го урнисало образовниот систем и нанело огромни штети врз високото образование, па нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во овој сектор.

„Со новиот Закон за високо образование за кој ВМРО-ДПМНЕ денес глуми загриженост повторно се враќаат асистентите и демонстраторите на факултетите, што беа укинати токму од ВМРО-ДПМНЕ. Во новиот Закон се отвора можност факултетите без согласност од Министерството за финасии да ангажираат демонстратори на факултетите, што ќе овозможи поголема можност за ангажирање на млади луѓе кои сакаат да градат академска кариера“, смета СДСМ.

Владејачката партија вели дека е лицемерно и несериозно ВМРО-ДПМНЕ да предлага амандмани за коефициенти на плати за професорите кога се знае дека токму таа партија цели 11 години, освен што расипнички и криминално ги трошеше парите на граѓаните, не направи ништо за подобрување на статусот на професорите и остави огромни долгови во образованието.

„Со новиот Закон за високо образование предвидена е и обврската државата да ги плаќа комуналните, тековни трошоци за функционирање на факултетите. За разлика од потценувачкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон образованието, Владата предводена од СДСМ го унапредува образованието. Доказ за тоа е зголемениот буџет за високо образование кој е за половина милијарда денари, односно за 20 отсто поголем во однос на буџетот од минатата година“, се вели во реакцијата на Социјалдемократскиот сојуз.

Понатаму се додава дека Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство успешно ги надминуваат наследените штети од расиничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и активно работат на создавање модерно и квалитетно образование во интерес на наставниците, професорите, студентите и учениците.

Спонзорирано: