22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров: Нашето име е Македонија и тоа никој не може да го испреговара или да го менува

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вечерва гостуваше во емисијата „360 степени“ на Алсат телвизија, каде зборуваше за тековните преговори за името по последната средба со грчкиот колега Никос Коѕиас во Охрид.

Тој истакна дека сѐ уште остануваат отворени и без решение најтешките теми како што се барањето на Грција да се промени Уставот на Македонија и опфатот на употребата на новото решение.

– Можеби можам само имплицитно да одговорам дека во нашата цел да се постигне поголема дистинкција бидејќи тоа го бара Грција, во интерес на нашата иднина, отворање на вратите, инвестирање во ова пријателство со соседот, нас ни е важно да не го чепнеме идентитетот, бидејќи тоа не можеме да го менуваме со договор, ниту било која било политика сегашна, идна, мината, може тоа да го направи, и тука имаме сигнали од Виена, после тоа, сега, коишто одат во добар правец, меѓутоа многу е важно ова решение да биде одржливо, а за да биде одржливо тоа мора да биде достоинствено и се уште имаме разлика во елементот на опфатот. Мислам дека е важно кога се мерат чекорите и идниот договор, да се води сметка за сегашниот правен режим и договорот да се мери според реалноста, каква е сега, а не во однос на почетните преговарачки позиции, бидејќи почетните преговарачки позиции можат да бидат и многу далеку од реалноста. Затоа е многу важно да знаеме каква е ситуацијата сега, а сега ситуацијата со опфатот е многу јасна, ние меѓународно имаме на некој начин двојна формула. Референцата Поранешна југословенска република Македонија ја употребуваат една третина од земјите членки, во сите релевантни меѓународни организации сме главно со таа референца… и ова е точка од која треба да се мери финалниот резултат и суштината на договорот. Мислам дека во проекциите на тоа што сега се разговара, ако има политичка волја, може да се најде, можеби со степен на креативност, начин како да се допрат и нивните главни интереси, а да си ги зачуваме и нашите главни интереси. Тука е главниот предизвик, како тоа да се направи – рече Димитров.

Во однос на барањето за ерга омнес Димитров рече дека нашето име е Македонија, и тоа не може никој да го испреговара или да го менува.

– Работата е да се најде дистинкција што ќе помогне да се реши овој проблем, од нашата држава Македонија во однос на регионот „Македонија“ во Грција, бидејќи географскиот регион „Македонија“ е барем во три држави – рече Димитров.

Спонзорирано: