13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп ѝ се закани на Русија: Проектили доаѓаат во Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер ја предупреди Москва дека треба да биде подготвена за проектилите кои доаѓаат кон Сирија, како одговор за наводниот хемиски напад за викендот, објави Би-Би-Си.

Во неговиот твит, Трамп ѝ порачува на Москва дека не треба да биде партнер со Башар ал Асад, кого пак го нарекува – животно кое убива со гас невини луѓе.

Коментарот на Трамп следи откако високи руски претставници се заканија дека ќе возвратат на какви било американски ракети.

„Ако има американски ракетирања, тогаш ние ќе ги собориме ракетите и ќе ги таргетираме позициите од каде биле изпалени“ се закани Александар Засипкин, руски претставник во Бејрут.

Односите меѓу Москва и Вашингтон се влошени по наводниот хемиски напад во Сирија, за што се обвинуваат меѓусебно. Сирискиот претседател Башар ал Асад пак, кој е поддржан од Русија, ги негира обвинувањата за хемискиот напад.

Спонзорирано: