17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаг: Шешељ е осуден на 10 години затвор

Хашкиот трибунал го прогласи Воислав Шешељ за виновен и го осуди на казна затвор во времетраење од 10 години. Сепак, Шешељ нема да оди во затвор со оглед на тоа што во притворот на Хашкиот трибунал за време на судскиот процес помина вкупно 11 и пол години.
Со првостепената пресуда, судот на Хашкиот трибунал на 31 март 2016 година го ослободи Шешељ по сите девет точки од обвинението, во кое се товареше дека со говор на омраза поттикнал и поддржал воени злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина за време на војните по распадот на Југославија. На пресудата се жалеше Хашкото обвинителство, а Шешељ поднесе пишан одговор на жалбата.
Спонзорирано: