4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција: Во последниве 2,5 години силувани повеќе од 300 деца

Случаите на сексуално злоставување на деца во Грција достигнале загрижувачки размери. Податоците на грчката полиција покажуваат дека во последниве 2,5 години се силувани 325 деца до 15 години, јавија агенциите.

Поголем дел од нападите ги извршиле членови на семејствата.

Неодамна во фокусот на јавноста се најде случај од Катерини, каде 14-годишна девојка била силувана шест години. Уапсени се четири лица, а еден од уапсените е таткото на девојката.

Исто така, во Волос 70-годишно лице е осудено на 18 години затвор поради сулување на 11-годишното внуче. На островот Кос приведено е 65-годишно лице поради сексуално злоставување на помлади членови на семејството.