11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Историската средба Трамп-Џонг-ун би можела да се одржи на крајот на мај

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун претседаваше со партискиот состанок на кој првпат официјално проговори за разговорите со САД, пренесува севернокорејската државна агенција КЦНА.

Ким Џонг-ун вчера ги претставил извештаите за состојбата на Корејскиот Pолуостров пред високите претставници на неговата партија, која е единствена во оваа комунистичка земја. Тој зборувал за развојот на меѓукорејските односи непосредно пред самитот со Јужна Кореја што ќе се одржи на 27 април.

КЦНА наведува дека по повеќемесечни тензии и закани за војна поради нуклеарното оружје помеѓу САД и Северна Кореја, кон крајот на мај би можела да се одржи средбата на двајцата претседатели. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно ја потврди можноста од одржување на средбата.

Спонзорирано: