17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бизарна несреќа со еден загинат за велигденските празници – детали од МВР

Четириесет и шестгодишен маж од гостиварското село Лакавица починал вчера додека поправал машина-багер.

Несреќата се случила кога багерот го фатил во пределот на градите меѓу двата подвижни дела, по што починал на самото место.

Од страна на лекар во Медицинскиот центар во Гостивар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар, како и трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд.

По nаредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Спонзорирано: