10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Хејли: Вашингтон ќе дејствува против Асад и без дозвола од ОН

САД ќе дејствуваат против сириската влада со или без благослов од Обединетите нации, порача американскиот претставник во ОН, Ники Хејли, обвинувајќи го рускиот опструкционизам за дозволување на наводната употреба на хемиско оружје во Сирија и пошироко.

„Ние сме надвор од прикажување слики на мртви бебиња. Ние сме надвор од апелите за совест. Достигнавме момент кога светот мора да ја види правдата”, изјави Хејли вчера во Советот за безбедност обвинувајќи ја Русија за поддршка на чудовиштето Асад, кој, како што рече таа, убива деца со хемиско оружје.

„Рускиот режим, чии раце се покриени со крв на сириските деца, не може да се срами од сликите на неговите жртви. Ние се обидовме пред тоа”, рече Хели додавајќи дека „ниту една цивилизирана влада нема да има никаква врска со убиствениот режим на Асад”.

Москва ги оспори тврдењата на невладините организации „Бели шлемови” и „Џејш ал-Ислам” (армија на исламот) поддржани од Западот, дека сириската влада спроведе хемиски напад врз цивили во предградието на Дамаск, Дума. Претставникот на Русија во ОН, Василиј Небензиа, го нарече тоа „лажни вести” истакнувајќи дека не се пронајдени траги од наводниот напад во областа откако сириските сили ја ослободија од милитантите.

Спонзорирано: