17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пукање во Тетово предизвика голема паника

Вознемиреност во Тетово откако се слушнале истрели.

За време на семејна веселба тетовец испукал куршуми од гасен пиштол „Ескол“, што предизвикало паника во тетовското село Сараќино.

Соседите пријавиле во полиција пукање со огнено оружје, по што полицијата извршила увид и биле пронајдени и подигнати осум чаури калибар 9мм испукани од наведениот пиштол, за кој тетовецот З.Т. (24) имал дозвола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: