9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Реформските закони утре пред пратениците

Дел од реформските закони од правосудството утре ќе се најдат пред пратениците. Во Собранието се закажани четири пленарни седници и повеќе комисии. Според агендатата, на 22-та седница има една заостаната точка – измени и дополнувања на законот за заштита на сведоци, по скратена постапка. Веднаш потоа следува 34-тата седница со една точка на дневен ред – реформскиот закон за судовите, а на 35-та се дополнувањата на законот за јавното обвинителство и законот за кривична постапка, во второ читање.

За утре е закажана и 41 седница на која прва точка е предлог законот за изменување и дополнување за законот за оружје, со европско знаменце.

В среда се очекува да се одржи седница за гласање доверба на Владата, откако вчера опозицијата го достави барањето до Собранието. Ова според ВМРО-ДПМНЕ беше еден од мотивите за враќање на опозицијата во собранието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува да се изгласа недоверба на Владата, и да се организираат предвремени парламентарни избори.