20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притворен чешки државјанин поради производство и продажба на наркотици

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.М. (36) од с.Грчец, скопско и О.К. (58) од Република Чешка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

При претрес во куќата на Б.М. во с. Грчец, кој не бил дома, биле пронајдени повеќе видови на хемиски супстанци кои биле чувани во шишиња, туби и канистри, подигнати и дадени на вештачење. Со вештачењето е утврдено дека станува збор за метамфетамин, бензил метил кетон и псеудоефедрин, како и други прирачни средства за производство на синтетичка дрога. О.К. бил пронајден и приведен, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, додека пак по Б.М. се уште се трага.

Метамфетаминот за првпат се среќава во Република Македонија, а најмногу се произведува во Република Чешка. Со нејзино користење се уништвува нервниот систем и мозокот и по само две години користење може да предизвика смрт.