13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И САД и Русија побарале седница на Советот за безбедност за хемискиот напад во Сирија

Во Њујорк се очекуваат дури два состанока на Советот за безбедност при Обединетите нации, откако Русија и САД упатиле ривалски барања за одржување итни седници по тврдењата за хемиски напад во Сирија, објави Ројтерс. Русија побарала состанок поради меѓународни закани по мирот и безбедноста, иако се уште не е соопштена точната тема, објави Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извори.

Неколку минути подоцна, САД и уште осум земји побарале состанок на кој би се разговарало за наводниот напад со хемиско оружје во Сирија. Како што наведува Ројтерс, повикувајќи се на британската мисија во ОН, итен состанок на Советот за безбедност побарале САД, Велика Британија, Франција, Полска, Холандија, Шведска, Кувајт, Перу и Брегот на Слоновата коска.

Перу, кој е претседавач со Советот за безбедност, најпрво закажал состанок за денеска предпладне по локално време по американското барање, а по руското барање за попладне. Москва барала да се одржи состанок прво по нејзиното барање, бидејќи таа прва побарала.

САД и ЕУ ја обвинија сириската влада дека го извела хемискиот напад во Дума, град во источна Гута, кој е под контрола на бунтовниците. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека сирискиот претседател Башар ал Асад ќе плати висока цена за нападот. Сириската влада ги отфрли обвинувањата за било каков хемиски напад.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека наводите за хемиски напад во Сирија се лажни и дека секоја воена акција на основа на такви измислени и исфабрикувани изговори би можелка да доведе до тешки последици.

Спонзорирано: