12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пјонгјанг подготвен да разговара со САД за нуклеарната програма

Северна Кореја им вети на САД дека е подготвена да разговара за иднината на својот нуклеарен арсенал, кога лидерите на двете земји ќе се состанат, соопштија американските официјални претставници.

Подготовките за самитот вклучуваат тајни, директни разговори со Северна Кореја, потврдија анонимни извори од администрацијата на Трамп. Според информаците, американските и севернокорејските разузнавачи веќе неколкупати досега разговарале и се состанале во трета земја. Самитот без преседан е планиран да се случи во мај.

Тоа ќе биде прв пат еден американски претседател да се сретне со лидер на Северна Кореја.

Северна Кореја веќе ѝ најави на Јужна Кореја дека е подготвена да се обрати за денуклеаризацијата, но ова е прв пат гаранциите да бидат директно дадени на Вашингтон, тврдат американските официјални претставници.

Останува нејасно кога и каде ќе се случи самитот, како и деталите околу темите за кои ќе разговараат двајцата лидери. Веста за предложените разговори меѓу Трамп и Ким ги изненади сите, откако тие претходно во март се распаднаа. Следеше цела година на закани, лични навреди и насочување на нуклеарно оружје меѓу лидерите.

Пјонгјанг ги прекина ракетите и нуклеарните тестови за време на претходните разговори, само за да ги продолжи, кога го загуби трпението или пак поради не исполнувањето на неговите барања, пренесуваат светските агенции.

Спонзорирано: