3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ротвајлер искасал татко и ќерка во Карпош

На улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ синоќа околу 22.30 часот во паркот за кучиња во населбата Карпош, 13 годишно девојче, кое било со нејзиниот татко Д.Д.(43), било каснато од куче–Ротвајлер, водено од женско лице.

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди, а нејзиниот татко кој се обидувал да го оттргне кучето се здобил со телесни повреди. На повредените им е укажана лекарска помош во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“.