13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јапонец над 20 години го чувал својот син во дрвен кафез

Човек од Јапонија, на возраст од 73 години е уапсен под сомнение дека го чувал својот син во дрвен кафез повеќе од 20 години, објави Би-би-си.

Како што е наведено, Јошитане Јамасаки изјавил дека неговиот 42-годишен син го чувал во кафез, бидејќи честопати бил насилен поради ментални проблеми. Кафезот висок еден, а широк околу два метра, се наоѓал во колиба веднаш до куќата на Јамасаки во градот Санда.

Локалните власти соопштија дека неговиот син, поради долгиот престој во кафезот, има искривен грб и дека тој бил преземен од страна на социјалните служби.

Дека 42-годишниот човек бил чуван во кафез се дознало кога градски претставник ја посетил куќата на Јамасаки, а истрагата покажала дека неговиот син првпат бил затворен кога имал 16 години. Јамасаки признал сè и нагласил дека неговиот син секојдневно добивал храна и му дозволувал да се бања.

Спонзорирано: