12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Од руската амбасада во Лондон бараат состанок со Борис Џонсон

Руската амбасада испратила барање за состанок меѓу рускиот амбасадор во Лондон, Александар Јаковенко, со британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон.

Тие би требало да разговараат околу истрагата во врска со труењето на поранешниот руски двоен шпион, Сергеј Скрипал.

„Очекуваме конструктивен одговор од британска страна и сметаме дека во блиска иднина состанокот ќе се реализира“, изјавил портпаролот на руската амбасада.

Поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервен агенс на почетокот на март во англискиот град Салисбури, а за нивното труење, Велика Британија ја обвини Русија која пак категорично негира вмешаност.

По труењето, Јулија се опоравува, а Сергеј веќе не е во критична состојба. Велика Британија протера 23 руски дипломати од земјата, а Москва возврати со реципрочна мерка.

Спонзорирано: