16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп наметна нови санкции против руски олигарси

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни санкции против седум руски олигарси кои се во блиски релации со рускиот претседател Владимир Путин, како и 12 компании кои олигарсите ги поседуваат или контролираат, објави Си-Ен-Ен.

Мерките што ги објави американското министерство за финансии, исто така, беа наменети и за 17 високи руски владини претставници и државното претпријатие за руско оружје, „Рособоронекспорт“, кое има долготрајни врски со Сирија и нејзината подружница, Руската финансиска корпоративна банка.

“Руските олигарси и елити кои ќе профитираат од овој корумпиран систем веќе нема да бидат изолирани од последиците од дестабилизирачките активности на нивната влада”, рече секретарот за финансии, Стивен Мнучин, во изјавата, во која се наведува руската окупација на Крим и тековните напори за снабдување на режимот на Асад со материјали и оружје.

Акцијата е насочена кон руските олигарси, меѓу кои и Кирил Шамалов, кој се оженет со ќерката на Путин и има создадено големо богатство откако се поврзаа со рускиот претседател во февруари 2013 година, Олег Дерипаска, висок руски службеник, кој беше испитуван за перење пари и Сулејман Керимов, кој, наводно, донел милиони евра во куфери во Франција, според Министерството за финансии.

Новите санкции се најновиот чекор на САД против Русија по труењето на поранешниот руски шпион во Англија, мешањето во американските избори во 2016 година и сајбер-нападот, и се опишани како најштетни во историјата.

Администрацијата на Трамп е под силен притисок на Конгресот за воведување на санкции против Русија, за да ја казни за нејзиното мешање во изборите во 2016 година.

Спонзорирано: