16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Виктор Орбан во трка за трет мандат за премиер на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се очекува на парламентарните избори в недела да го добие третиот последователен мандат, или вкупно четири мандати на премиерската функција. Анкетите покажуваат дека конзервативната популистичка партија Фидес – Унгарска граѓанска алијанса на Орбан и на Христијанско демократската народна партија ќе освојат меѓу 49 и 51 отсто од гласовите.

Ултранационалистичкото Движење за подобра Унгарија (Јобик) има меѓу 13 и 19 проценти поддршка, додека опозициската коалиција на Унгарската социјалистичка партија (МСЗП) на Гергеј Карочоњ и на еколошката Дијалог за Унгарија (ПМ) ужива меѓу 12 и 18 отсто доверба на гласачите. Доколку се остварат ваквите прогнози, коалицијата на Орбан ќе освои двотретинско мнозинство во парламентот, како и на изборите во 2010 година.

Еден од столбовите на кампањата на премиерот Орбан е борбата против мигрантите. Клучната порака која ја испрати тој и неговата партија е дека само трет последователен мандат за неговата партија Фидес во владата може да и ја гарантира безбедноста на земјата со оглед на опасноста од мигрантите. Мигрантската тема е на врвот на агендата на Орбан уште од 2015 година, кога низ Унгарија минаа околу 400 илјади мигранти обидувајќи се да стигнат до западноевропските држави. Антимигрантската реторика на Орбан вклучува и предупредувања до Унгарија и Европа дека ќе ги загубат христијански идентитет и култура ако муслиманските мигранти и натаму доаѓаат во голем број. Според Орбан, владата има листа на 2.000 луѓе кои „се платени да работат на соборување на владата и да ја трансформираат Унгарија во земја на имигранти“.

Спонзорирано: