22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Словенечкиот премиер во дводневна официјална посета на земјава

Делегација на Владата на Република Словенија предводена од премиерот Миро Церар денеска и утре (3 и 4 април) ќе престојува во официјална посета на земјава. Официјалната церемонија за добредојде на словенечката делегација ќе се одржи денеска на платото пред Владата во 16 часот, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Церар, како и билатерален состанок на македонската и словенечката владина делегација.

По средбите, претседателите на владите на Република Македонија и на Република Словенија ќе одржат заедничка прес-конференција во 17.15 часот во „Медија центарот“ на Владата.

Словенечкиот премиер на вториот ден од посетата на Македонија, в среда (4 април), и домаќинот, македонскиот премиер Зоран Заев, ќе ја отворат и ќе имаат свои обраќања на бизнис-конференцијата во просториите на Стопанската комора на Македонија со почеток во 10 часот. Словенечкиот премиер Церар за време на дводневната посета на Македонија ќе оствари средба и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и претседателот на Собранието, Талат Џафери.