22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин во Турција на средба со Ердоган и Рохаи

Рускиот претседател Владимир Путин е во дводневна посета во Анкара, каде треба да се сретне со лидерите на Турција и Иран. Разговорите, меѓу другото, ќе бидат концентрирани на резолуција за конфликтот во Сирија и испораката на С-400 за Турција.

Путин ја започна својата прва посета на странска земја, откако беше повторно избран за претседател на Русија. Се очекува рускиот претседател утре да има одделни средби со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и со иранскиот претседател Хасан Рохани.

Својата посета, Путин ќе ја започне со церемонија за отпочнување на изградбата на турската прва нуклеарна централа Акију. Билатералната средба меѓу Путин и Ердоган, се очекува да биде во врска со долгите преговори за испорака на руските С-400 земја-воздух ракети во Турција. Првите ракети е предвидено да бидат испорачани во Турција во 2020 година, и покрај негодувањата од страна на некои НАТО сојузници на Турција , вклучително и од САД.