22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Хорор во Скопје – Автобус удри во дете

Автобус управуван од Х.Р. (43) од с.Љубин, скопско, вчера околу 15.10 часот на улицата „Лука Геров“ во Скопје, веднаш по крстосницата со ул.„Лазо Дамовски-Ошенски“, удрил во деветгодишно дете од Скопје.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.