20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајцата антикорупционери не поднесуваат оставки, од ДКСК демантираат дека се на одмор

Службите во Антикорупциската комисија редовно ги ажурираат податоците за акетните листови за имотната состојба на сите избрани и именувани функционери, велат од ДКСК по информацијата дека вработените во администрацијата се на колективен одмор откако претседателот и четворица од членовите на Комисијата си поднесоа оставки.
– Одделението секој ден ги ажурира податоците, Секретаријатот како стручна служба ги врши административните и техничките работи на ДКСК, велат од Комисијата.
Од ДКСК претходно известија дека со оглед на тоа што на 19 март 2018 година од страна на Собранието е донесена одлука за разрешување членови на ДКСК, со која се разрешени од функцијата пет членови на ДКСК, во претстојниот период нема можност да одлучува и решава по однос на доставените барања и пријави од странките, во согласност со начинот на работа на ДКСК утврден во член 51 од Законот за спречување на корупцијата. Секретаријатот, како што соопштија, ќе ја прима и администрира целокупната документација што ќе пристига на адреса на ДКСК.
Од Комисијата додаваат дека сè уште има само двајца членови, а од  Собранието потврдуваат дека тие сè уште не ги депонирале своите оставки. Претседателот на Антикорупциската комисија, Игор Тантуровски, како и членовите на комисијата Горан Миленков, Жаклина Дамчевска, Сејди Халили, Фадие Алиу поднесоа оставки пред повеќе од еден месец откако изби скандалот дека членови на комисијата лажирале сметки за патни трошоци и изнајмувале станови по нереални цели, што покажа внатрешната ревизија на УЈП.
Спонзорирано: