16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во новата зграда на Кривичен прво рочиште на Титаник

Првото рочиште за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство денеска ќе се одржи во новата зграда на Кривичен суд. Случајот се однесува на дела поврзани со изборни нерегуларности.

Во „Титаник“ обвинети се поранешни функционери, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот шеф на кабинет на премиерот, Мартин Протогер, поранешниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и ексминистерката на МВР Гордана Јанкуловска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Спонзорирано: