22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Смртна казна за брачна двојка поради убиство на куќна помошничка во Кувајт

Судот во Кувајт осуди на смртна казна брачна двојка поради убиство на нивната куќна помошничка. Сопругот, со потекло од Либан и неговата сопруга, со потекло од Сирија, осудени се во отсуство, пренесе Би-Би-Си.

Телото на куќната помошничка, со потекло од Филипини, било пронајдено во февруари во замрзнувачот во куќата на брачната двојка, една година по убиството.

Смртта на Филипинката создаде дипломатска криза меѓу Кувајт и Филипини. Откако Интерпол покрена меѓународна потрага по брачната двојка, тие биле најдени почетокот на оваа година во Сирија.

Мажот бил предаден на властите во Либан, кои сега треба да го разгледаат барањето за екстрадиција на Кувајт, додека жената се наоѓа во затвор во Дамаск.

Властите на Филипини соопштиле дека го олесниле враќањето на повеќе од 1.000 вознемирени филипински работници од Кувајт, откако било пронајдено телото, а дека поголем дел од нив работеле како куќни помошници.

Во Кувајт живеат и работат околу 250.000 Филипинци.

Во многу заливски држави работниците мигранти добиваат визи под контроверзниот спонзорски систем, познат како – кафала, кој предвидува странските работници да ги спонзорираат за да имаат виза и сместување.

Спонзорирано: