16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните имаат итна потреба од зелени површини

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Петре Шилегов коментирајќи дека скопјани имаат потреба од нови зелени површини сега, а не утре.
„Петре Шилегов упорно ни докажува дека и дното може да биде пробиено. Шилегов го претставува садењето дрвја како некаков мегапроект, но тоа е негова редовна работна обврска. Граѓаните имаат потреба од нови зелени површини и нови садници сега, а не утре. Садењето дрвја и хортикултурното уредување на градот мора да се одвива во континуитет. Како што тоа го правеше Град Скопје во време на ВМРО-ДПМНЕ кога беа засадени повеќе од 250.000 нови садници, а подигнати беа над 330.000 квадратни метри парково зеленило“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно на прес-конференција Шилегов го најави проектот „Дрво за секое дете“, според кој, секое новороденче ќе добие свое дрво на некој од градските дрвореди, паркови или скверови. На дрвото ќе има плочка, каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање.