22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Пациентите со месеци чекаат за обично снимање

Опозицијата денеска на прес-конференција упати критики за министерот за здравство, Венко Филипче, кој, како што веат, не успеал да реализира ниту еден проект со бенефит за пациентите, а неговите настапи се сведуваат на идни ветувања со неодреден рок.
https://www.youtube.com/watch?v=UYbZ4ozQt1U
„СДСМ и Филипче, најавуваа спречување на кризите со недостаток на лекови, а граѓаните секојдневно се сведоци на недостаток на лекови на рецепт после 10-ти во месецот. Во аптеките често недостасува инсулин, недостасуваат лековите за хронична терапија, а редовно има и недостаток на лекови за ретки болести од кои на оваа група на пациенти со ретки болести им зависи животот.“, рече Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека министерот најавил заменување и надградување на системот МојТермин, но наместо тоа го уназадува.
„Драстично е зголемено времето на чекање за неопходни здравствени услуги и снимања, како што се мамографија, компјутеризирана томографија, магнетна резонанца. Според податоците на јавната страница на системот МојТермин, за компјутеризирана томографија низ државата се чека и до 80 дена, односно околу 3 месеци, за магнетна резонанца и мамографија по околу 2 месеци, а за електромиографија една од клучните дијагностички методи во неврологијата, едноставно нема ниту еден слободен термин било каде низ државата во следните месеци. Пациент од било кој град од државата треба да чека со месеци за обично снимање на компјутер или магнет, испитувања од кои што можеби им зависи животот“, рече Николов.