14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со палка оштетил автомобил на полицаец што не бил на должност

Автомобилот „хонда акорд“, управуван од страна на полицискиот службеник Р.М. (50), бил уништен при сообраќајна расправија што се случила додека тој не бил на должност.
Во текот на вчерашниот ден во Пoлициската станица Ѓорче Петров тој пријавил дека додека управувал автомобил „хонда акорд“, во кој биле уште три лица, автомобил „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки му го пресекол патот. Притоа возачот на „кедито“ застанал и излегол од возилото со палка во раката и започнал да удира по прозорецот од автомобилот на пријавителот и да му упатува закани.
Тогаш полицискиот службеник излегол од возилото и се легитимирал, по што возачот на „кедито“ го напуштил местото на настанот. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а за настанот е известен и одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.