16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од директорот на Агенцијата за млади и спорт

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, бидејќи, според неа, збирката што ја промовирала Агенцијата изобилува со шовинистички песни.

Претставникот на партијата, Стефан Андоновски, вели дека ја прочитал збирката и ја оценува како просечна, но не ја прочитал првата Македонска енциклопедија објавена од МАНУ, која беше објавена додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, а предизвика лавина реакции поради изнесени факти, кои поединци ги оцрнија како навредувачки за Албанците.

„Каевски сам се фати во лага. Тој вели дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека творбите треба да се селектираат. На поетското читање Агенцијата објави дека творби испратиле 48 автори. Каевски исто така тврди дека не знаел оти бил ставен за уредник на збирката“, вели претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, кој прашува колку пари се потрошени за објавување на книгата, но и колку пари им се исплатени на авторите.
За ВМРО-ДПМНЕ, скандалозно е што сите се оградиле од Агенцијата за млади и спорт, а било страшно што дури и авторот кој бил потпишан кажал дека е злупотребено неговото име.
Спонзорирано: