3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демократски сојуз: Системски и коренити реформи

Демократскиот сојуз смета дека се неопходни системски и коренити реформи сè со цел да се обезбеди владеење на правото и правна сигурност како битни предуслови за стабилност на државата и економски развој.
„Реформите во правосудниот систем, администрацијата и службите за безбедност треба да резултираат со независно и одговорно судство, мала и високопрофесионална администрација и тајни служби како гарант на безбедноста и заштита на човековите права и слободи.
Во оваа насока вклученоста на опозицијата во реформските процеси треба да резултира и со посложени и комплексни промени, пред сè, градење политички консензус за намалување на вкупниот број пратеници (на 90), намалување на бројот на министри, укинување на многуте агенции и регулаторни тела, како и намалување на администрацијата (најмалку 30 отсто)“, соопшти партијата.
Демократскиот сојуз смета дека имплементацијата на владината програма за промени и реформи се соочува со системски опструкции, меѓу другото, и поради идеолошката определеност на високоетаблираната администрација во државните институции.
Спонзорирано: