24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи дел од филмот „Чарлиевите ангели”

Во врска со најавите за телевизиско прикажување на документарниот филм со наслов „Чарлиевите ангели”, објавени од страна на повеќе медиуми, ја информираме јавноста за следното:

Документарниот филм претставува независно авторско дело чие снимање беше со дадена согласност на Специјалниот јавен обвинител.

Во оваа прилика ѝ појаснуваме на јавноста дека филмот ја прикажува работата на сите обвинители во ова Јавно обвинителство, а меѓу кои се и јавните обвинители Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, како и работата на целокупниот тим на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Истовремено, укажуваме дека и ова Јавно обвинителство вечерва премиерно ќе го проследи прикажувањето на независниот филм.

Спонзорирано: