23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот со неочекуван потег: Откри дали ќе има предвремени избори

Владата не планира предвремени парламентарни избори, што ќе значи стабилност за бизнисмените и економијата.

Ова го изјави претседателот на Владата, Зоран Заев, во рамки на Првата годишна конференција на Министерството за финансии.

„Не треба секогаш да се брза на парламентарни избори.

Тоа за бизнис секторот значи стабилно да планира, а граѓаните исто така да ги планираат своите активности.

Го кажувам тоа што зависи од мене. Секако, доколку некој друг провоцира, направи пресија или има причини за таа работа, ја оставме отворена можноста“, рече Заев.

Заев изрази оптимизам дека парламентарното мнозинство ќе се прошири, откривајќи дека во моментов води преговори со пратеници од БЕСА, ДПА и Турската демократска партија.

Спонзорирано: